Едно лице загина во сообраќајка во делчевско

Едно лице загина во сообраќајна незгода што се случила вчера во атарот на селото Драмче, делчевско, соопшти полицијата.

МВР информира дека на 27.05.2024 во 12.15 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека во атар на с.Драмче, делчевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ф.Л.(76) од с.Град, делчевско и патничко возило „Шкода“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(33) од Делчево.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.Л., кој од здобиените повреди починал на пат кон болница. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Возачот Н.Д. се здобил со телесни повреди, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Делчево, се наведува во информацијата.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Претходна вестЗемјотрес со јачина од 2,5 степени почувствуван во Скопје
Следна вестПочна конститутивната седница на Собранието