Земјотрес со јачина од 2,5 степени почувствуван во Скопје

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 10:48 часот во скопското подрачје. Тој имал и јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 21 километар северозападно од Скопје и 16 километри југоисточно од косовскиот град Витина.

Земјотресот бил на длабочина од осум километри.

Потресот, според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, бил почувствуван од населението во градот Скопје и околината.

За земјотресот информира и Европскиот медитерански сеизмолошки центар каде што се наведува дека потресот бил со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала.

Претходна вестХорот и оркестарот на скопското училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ освоија шест награди во Италија
Следна вестЕдно лице загина во сообраќајка во делчевско