Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајка кај Делчево

Едно лице загина, а другото е тешко повредено синоќа во сударот меѓу две возила на патот меѓу Делчево и Македонска Каменица.

Според инфорамциите до несреќата дошло кога се судриле две возила – „Волво” и „Цитроен” синоќа околу 20.45 часот кај месноста Баткова Чешма. При ова, тешко биле повредени двајцата возачи од кои едниот починал на пат кон болница, а другиот е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје.

Во извлекување на повредените од возилата учествувала екипа на Територијалната противпожарна единица, а делчевската полиција извршила увид на местото на несреќата

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Измамникот Заев вети и излажа дека ќе си даде оставка ако нема датум за преговори
Следна вестМакедонија без осум стандардни првотимци за дуелот со Ерменија