ВМРО-ДПМНЕ: Измамникот Заев вети и излажа дека ќе си даде оставка ако нема датум за преговори

Измамникот Зоран Заев вети и излажа дека ќе си даде оставка ако нема датум за преговори, реагира денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Ова партија во денешното соопштение наведе дека Заев не е способен да си го исполни сопственото ветување дека ќе си замине ако нема успех на планот на европски интеграции.

Заев доби власт на две основни лажни ветувања, живот за секого, и преговори со ЕУ. И во двете не успеа и ги разочара граѓаните. Државава тоне во тешка политичка и економска о здравствена криза. Отспаките на Заев завршија со ново фијаско. Нема повеќе ниту една причина измамникот Заев да биде премиер кога со него државава бележи само порази и неуспеси. Ниту ја сочува жицата ниту ја донесе ЕУ. Со Заев само криминалот и корупцијата се реалност. Тој е готов и минато. Треба да признае дека неговата кариера завршува неславно, се потенцира во соопштението.

ВМРО – ДПМНЕ додава дека Европската унија не препознава вредност во политичар кој го краде и лаже сопствениот народ.

-Не препознава вредност во политичар кој зема рекет од 8 милиони евра и прави бизниси со панамски пари со анти ЕУ и анти НАТО политичари. Со измамникот Заев нема ЕУ и нема иднина, се потенцира во партискиот став.

Претходна вестЗаев: Нема да дадам оставка, ние му служиме на народот најдобро
Следна вестЕдно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајка кај Делчево