Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајка во Ченто

Едно лице загина, а со телесни повреди се здобија две лица во сообраќајна несреќа која се случи синоќа во скопската населба Методија Андонов – Ченто.

МВР информира дека несреќата се случила во 19:20 часот на крстосница од ул. „Алија Авдовиќ“ и ул. „Христофер Жефаровиќ“ во Скопје, а во неа учествувале работна машина за сечење дрва, управувана од С.С.(65) од Скопје и мотоцикл „бмв“, со швајцарски национални ознаки, управуван од Р.Ш.(29) од Скопје.

-На местото на незгодата починал С.С., а со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобил 16-годишен сопатник од работната машина, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје информира МВР.

Претходна вестРасте бројот на казни: 890 граѓани удрени по џеб за неносење маски
Следна вестШто стана со владиниот план до 2020 година да се намали загадувањето за 50 проценти?