Расте бројот на казни: 890 граѓани удрени по џеб за неносење маски

Полицијата како да го заострила казнувањето за неносење на заштитни средства против корона  вирусот. Бројот на казнети расте.

-Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјава по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 890 прекршоци, соопштри денеска МВР.

И завчера беше висок бројот на санкционирани граѓани во споредба со изминатиов период – 870.

Инаку, во претходните денови биле казнети 593 граѓани, 643, 528…

-Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19, се вели во соопштението од МВР.

Претходна вестИсторијата е наша, ама бруката е ваша!
Следна вестЕдно лице загина, а две се повредени во сообраќајка во Ченто