Грчкиот национален авиопревозник „Ејџиан Ерлајнс“ ќе го намали бројот на летови на линијата Атина-Скопје во претстојната зимска сезона.
Како што објави специјализираниот веб сајт „Екс-Ју авијација“, летови на оваа рута ќе има четири пати неделно, место шест како што имаше минатата зима.
Линијата Скопје-Сараево на „Ејџиан“ нема да претрпи промени, па така ќе има три лета неделно во ноември и декември, а во јануари, февруари и март ќе има два неделно, што е идентично со минатата зимска сезона.
„Ејџиан“ ја воведе линијата Скопје-Атина во ноември 2018 година, а линијата Скопје-Сараево беше воведена во октомври 2023 година.