Експерти од германската федерална криминалистика ќе работат на истрагата за пожарот во Тетово

Германски експерти од Федералната криминалистика деновиве пристигнуваат во земјава за да ја помогнат во истрагата на несреќата во модуларната ковид-болница во Тетово. Ова денеска го соопштија од владината прес-служба. Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Федералната криминалистичка полиција чија стручност е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој, со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација. Во специјалните задачи кои ги работи БКА е и тим кој работи на истраги со жртви во катастрофи и несреќи, велат од Владата. Тимот експерти ќе соработува со МВР и ќе ја помага истрагата која ја води ОЈО.
Претходна вестВМРО-ДПМНЕ прашува: Каде е Заев два дена?
Следна вестШести ден: Наместо попишување, се исправаат техничките проблеми во апликацијата