Експертите велат на Европа и се заканува голем ладен бран

Брзото топење на мразот на Антарктикот предизвикува драстично забавување на длабоките океански струи, што може да има катастрофален ефект врз климата, покажува новото истражување. Протокот на длабоки морски води што ги придвижуваат океанските струи би можел да се намали за 40 отсто до 2050 година, смета тим австралиски научници, пишува Би-Би-Си.

Морските струи ширум светот ја носат потребната топлина, кислород, јаглерод и важни хранливи материи. Претходните истражувања сугерираат дека забавувањето на северноатлантската струја (чиј дел е и Голфската струја) може да предизвика големо заладување во Европа. Новата студија. исто така предупредува дека забавувањето на струите може да ја намали способноста на светските мориња и океани да апсорбираат јаглерод диоксид од атмосферата.

Морските струи стануваат се посилни

Извештајот нагласува дека Земјината мрежа на океански струи делумно е поттикната од движењето на погустата, посолена морска вода во близина на Антарктикот. Но, како што се топат глечерите, морската вода станува помалку солена и поретка, па нејзиното движење кон дното се забавува.

Овие длабоки морски струи или „превртување“ на водата на северната и јужната хемисфера се релативно стабилни со милениуми, но сега се нарушени поради затоплувањето на климата, велат научниците.

– Нашите модели покажуваат дека ако емисиите на јаглерод продолжат да растат со сегашната стапка, тогаш Антарктичката струја ќе се забави за 40 проценти во следните 30 години, што може да доведе до дел од вкупниот колапс на океанските струи – вели водачот на студијата, професорот Метју Ингланд.

Д-р Адел Морисон, која придонесе за извештајот, објасни дека како што се забавуваат океанските струи, површинските води брзо го достигнуваат својот капацитет да апсорбира јаглерод, но потоа не се заменуваат со длабоко морска вода дезаситена со јаглерод. Во 2018 година, студијата „Атлас“ покажа дека системот за циркулација на вода во Атлантскиот Океан сега е послаб отколку што бил во кое било време во изминатите 1.000 години и значително се променил во последните 150 години.

Студијата, исто така, сугерира дека Атлантскиот меридијален превртувачки циклус (AMOC), чиј дел е топлата Голфска струја, може да ги разлади океаните и северозападна Европа и да влијае на морскиот екосистем.

Но, д-р Морисон вели дека забавувањето на јужната струја ќе има поголемо влијание врз морскиот екосистем и Антарктикот.

– Друга голема импликација што тоа би можело да ја има е забрзаното топење на Антарктикот во иднина. Имено, ова го отвора патот за потоплите води кои можат да го забрзаат топењето, што носи уште поретка, стопена вода во океанот, што уште повеќе ја забавува циркулацијата – вели тој.

Претходна вестСе отвора 14.Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ – Скопје
Следна вестСе дума ли МПЦ-ОА: Доволен е Томос од СПЦ или треба и од Вселенската патријаршија?