Нашиот репрезентативец Ељиф Елмас, познат уште како македонски дијамант вечер заедно со својата клуб Наполи, ќе игра против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Како што најавува телевизијата „Скај“, тој ќе биде изненадувањето во нападот на Наполи, а друштво ќе му прават Осимен и Кварачкелија.
Инаку во саботата Елиф Елмас постигна гол во италијанската Серија А. На мечот со Аталанта (2:1) тој го постигна победничкиот гол за Наполи и тоа по само неколку минути игра на теренот. Настапот и голот му донесоа оценка 7, што беше доволно да се најде во тимот на колото во Италија.
Во изборот на Серија А, Елмас доби оценка 7,0 и се најде меѓу најдобрите четири играчи во средниот ред во калчото. Токму таа добра партија со Аталанта по се изгледа ќе му донесе и стартна позиција во Лигата на шампионите.
Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Наполи се игра вечерва од 21:00 на „Сантијаго Бернабеу“.