Елмас: Ќе си ги фарбаме косите во сино ако го освоиме Скудетото

Нашиот македонски репрезентативец Елиф Елмас, во интервју за италијанско радио изјави дека доколку Наполи го освои Скудетото за прв пат по 33 години, целиот тим ќе ги обојат косите во сино. Македонецот воедно зборуваше за одличната сезона на Наполи кој доминира во Серија А и има убаледива предност на врвот на табелата.

– Имаме 18 бода предност, но до крајот на сезоната остануваат уште 14 натпревари. Мораме да одиме натпревар по натпревар и да играме онака како што умееме. Она што го направивме е прекрасно, но ќе продолжиме во ист стил до крајот на сезоната – изјави Елмас за Кис Кис – Италија.

Тој додаде дека можно е да целиот тим да ги обои косите во сино за да го одбележат Скудетото.

Инаку Елмас често оваа сезона натпреварите ги започнува од клупата и шанса добива во второто полувреме, но и покрај тоа има 6 погодоци во Серија А.

– Среќен сум со бројот на постигнати голови но до крајот има уште многу и можам да стигнам до двоцифрен број, изјави нашиот фубалер.

За крај додеде дека е среќен за сите голови но кога веќе мора да одбере, најдраг му е оној против Удинезе.

Претходна вестАпанажи или Лапанажи: Треба целосно да се укинат, Македонија нема пари за тоа, потребни се за лекови, градење…
Следна вестСо алат кршел врати и обивал дуќани низ Велес