24 – годишниот напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, од Европската фудбалска федерација (УЕФА) беше прогласен за фудбалер на годината за минатата сезона (2022 – 2023). Тој на доделувањето на оваа престижна награда изјави дека наградата не е поради неговиот талент, туку е плод на напорна работа.
Ама норвежанецот во еден подкаст синоќа изјави дека за него неговиот спортски херој е најдобриот тенисер во светот и освојувач на 24. Грен слем титули, Новак Ѓоковиќ. Потоа објасни зошто го избрал Србинот.
– Го сакам Ѓоковиќ. Мислам дека е добар. Тој е уникатен и тоа што го постигна е неверојатно. Дојде од никаде од својата земја. Јас го избрав Ѓоковиќ, изјави Халанд.
Инаку, светскиот рекет број 1, Ѓоковиќ во 2023 година победи на Ју-ес опен и ја освои 24. грен слем титула во кариерата. Српскиот тенисер го израмни и апсолутниот рекорд на Маргарет Корт од 24 грен слем титули.