ЕУ и денеска ќе ни каже дека многу не сака, ама…

ЕУ се присети на регионов и на Македонија. Почнаа во серија да ни доаѓаат дипломати од Брисел. Денеска на ред е еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји кој треба да допатува во Скопје.

Според однапред договорената агенра предвидено е Вархеји да има средба со премиерот Зоран Заев на која ќе стане збор за напредокот во процесот на евроинтеграција на земјите од Западен Балкан. Сите очекувања се дека во фокусот ќе биде надминувањето на бугарската блокада за старт на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Вчера во посета на Скопје беше Претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен. И таа зборуваше за македонското зачленување во ЕУ.

– Вистина е дека иднината на Македонија е во ЕУ и ве сакаме покрај нас, порача Фон дер Лајен.

Таа јавно повика населението во Македонија да не ја губи верба во ЕУ – проширувањето.

Слична порака се очекува и денеска од еврокомесарот. Всушност слични пораки и објаснувања дека ‘иднината е во ЕУ’ Македонија добива од поодамна, но, секогаш има и уште едно „ама…“.

Инаку, токму вчера и денес угледни западни медиуми објавуваат дека постои интерен документ на земјите членки во ЕУ во кој се истакнува дека слободниот визен режим со земјите од Западен Балкан, Молдавија, Грузија и Украина повторно се доведува во прашање. А беше објавено и дека Европската Унија повеќе не гарантира европска иднина за Балканот.

 

Претходна вестПриведен крадец од Скопје, фатен на дело
Следна вестМилошоски: Фрчкоски не е за амбасадор во ОН, итроштините на Заев се провидни