Приведен крадец од Скопје, фатен на дело

На 28.09.2021 околу 14.10 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеник од Полициското одделение Шуто Оризари лишил од слобода малолетен крадец од Скопје, кој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ на дрзок начин, односно во моментот кога со употреба на сила од вратот на Н.А.(61) од Скопје одзел златен накит.

Тој бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 став 3 од Кривичниот законик.

Претходна вестСанкции за 121 возач во Скопје, пет за користење мобилен телефон
Следна вестЕУ и денеска ќе ни каже дека многу не сака, ама…