Санкции за 121 возач во Скопје, пет за користење мобилен телефон

Во вчерашната акциска контрола на МВР, на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 121 казна, меѓу кои за возење над дозволената брзина 17 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, шест прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли.

Изречени биле пет мерки за користење мобилен телефон, шест за возач почетник, пет прекршоци што ги направиле пешаците, 50 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Претходна вестМеѓународната изложба „Гледај тука сум без простор“ од вечерва во МСУ-Скопје
Следна вестПриведен крадец од Скопје, фатен на дело