Еурофарм ги доби ривалите во Лигата на шампионите

Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер ги доби ривалите во групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите.

Битолчани се најдоа во групата А, а ова дефинитивно е поволна ждрепка бидејќи ја избегнаа „групата на смртта“.

Еве ги и противниците на Еурофарм Пелистер:

Група А: Висла, Веспрем, ПСЖ, Фредерициа, Фуксе Берлин, Спортинг, Динамо Букурешт, Еурофарм Пелистер

Група Б: Алборг, Магдебург, Барселона, Киелце, ПИК Сегед, Нант, Загреб, Колштад.

Новата сезона во ракометната елита ќе стартува во септември 2024 и ќе трае до Ф4-турнирот во јуни 2025 година.

Претходна вестРадев одбива да ја предводи бугарската делегација на самитот на НАТО поради разликите околу Украина
Следна вестМакедонец ја пронашол тригодишната Марија од Србија која се загубила во Грција