Еурофарм Пелистер без поголеми проблеми се пласираше во Куп финалето

Ракометните тимови на Еурофарм Пелистер и Вардар ќе ги одмерат силите во саботното финале од Купот на Македонија, откако битолчани  рутински ја оправдаа фаворитската улога на денешниот полуфинален меч против Бутел 38-23.

Маџовски беше предводник на Еурофарм Пелистер со седум гола, по шест постигнаа Периќ и Мандалиниќ, додека кај Бутел најефикасни беа Младеновски и Трифковиќ со по четири погодоци.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: За време на власта на Заев долгот порасна за 2,4 милијарди евра
Следна вестРеално ли е очекувањето на Заев Грција да ни помогне околу ветото од Бугарија?