Реално ли е очекувањето на Заев Грција да ни помогне околу ветото од Бугарија?

Бугарија и понатаму е пречка на патот на Македонија кон ЕУ. Премиерот Зоран Заев се растрча по Европа, бара чаре. И така, вчера, по разговорите со неговиот грчки домаќин во Атина, Киријакос Мицотакис изјави дека за спорот со Бугарија ќе треба помош од Грција.

Реално ли е да се очекува дека Грција ќе се ангажира и ќе и помогне на Македонија да си го сочува идентитетот, јазикот и историјата?  

Барајќи помош од Грција, Заев рече:  

– Бугарија го измисли ова прашање. Дури, не ни можам да ви објаснам што е проблемот сега, бидејќи е смешен проблем, непостоечки проблем. Ни треба помош од Грција, која сега веќе е наш стратешки партнер.

Оваа вест бугарските медиуми ја пренесоа главно без коментари. Софија пред неколку дена испрати порака дека позициите на Бугарија се дефинирани и во моментов немаат намера да се повлечат од нив.

Инаку, во ноември лани Заев во Софија рече дека Македонија ќе продолжи да бара заедничко прифатливо решение со Бугарија. Зошто токму сега бара помош за овој билатерален спор и зошто токму од Грција веројатно наскоро ќе видиме. А ќе дознаеме и дали Атина прифаќа некаква посредничка улога и по која цена.  

Претходна вестЕурофарм Пелистер без поголеми проблеми се пласираше во Куп финалето
Следна вестФилипче: Рано е уште за неносење на маски на отворен простор