Филипче: Рано е уште за неносење на маски на отворен простор

Рано е се уште да се донесе препорака да не се носат маските на отворен простор, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.  Тој рече дека моменталните мерки за заштита ќе се применуваат најмалку уште една недела.

 Тоа што мислам дека ќе следи, но не можам да кажам кога точно временски, е да се тргне обврската да се носи маска на отворено и да се зголеми бројот на гости во угостителските објекти. Но, се уште е рано да се донесе таква препорака. Тоа е мое лично мислење, а ќе видиме што ќе препорача Комисијата, истакна Филипче.

Во понеделник ќе се одржи состанок на Комисијата за заштита од заразни болести на кој ќе се разгледаат податоците од последниве две недели и ќе се донесе конечната одлука.

-Засега нема никаква најава дека има влошување на епидемиолошката ситуација заради попуштањето на мерките од пред неколку недели. Во секој случај, ќе ја анализираме епидемиолошката состојба заклучно со понеделник па ќе носиме одлука. Засега сметам дека овие мерки што се на сила треба да останат уште најмалку една недела, рече Филипче.

Инаку, голем дел од јавноста негодува што мора да се носат маски на отворено и таму каде нема голема фрекфенција на луѓе дури и сега кога пандемијата спласнува, а температурите растат. Гражани велат дека е апсурдно во отворена тераса на полн ресторан може да си без маска, а на клупа во парк треба да ја носиш.

Претходна вестРеално ли е очекувањето на Заев Грција да ни помогне околу ветото од Бугарија?
Следна вестЛазаров го разигра Нант, французите му го зедоа скалпот на Веспрем