Еурофарм Пелистер играше под притисок по вчерашната победа која ја оствари Вардар над Тиквеш, но актуелниот шампион позитивно одговори и денеска се врати на првото место на табелата.
Битолчани имаа на хартија тешко гостување во Охрид, но во 10-то коло од плејофот покажаа класа и славеа уверливо со 22:29 крај езерото.
Пелистер го диктираше темпото од самиот старт и се погрижи за предност од три гола на полувреме (11:14), а потоа во клучниот период уште толку ја зголеми предноста.
Гедбан со фантастични интервенции им овозможи на своите соиграчи добро да се одлепат на семафорот, па веќе во раната фаза на вториот дел стана јасо дека Пелистер ќе оствари победа.
На крајот битолчани се враќаат дома со победа од 22:29, па на четири кола пред крајот се враќаат на првото место на табелата и зависат сами од себе кога е одбраната на титулата во прашање.
На првиот меч кој се одигра денеска, Бутел на домашен терен го совлада Тинекс Пролет со 23:17.