Пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Пет ракети биле истрелани вчера од ирачкиот град Зумар кон базата на американската армија во североисточна Сирија, соопштија два ирачки безбедносни извори.

Ракетниот фрлач бил прикачен на задниот дел на мал камион паркиран во пограничниот град Зумар, велат изворите.

Камионите се запалиле кога на небото се појавиле воени авиони. „Засега не можеме да потврдиме дека камионот бил бомбардиран од американски воени авиони“, изјави неименуван воен претставник.

Нападот се случи еден ден откако ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани се врати од посетата на Соединетите држави каде што се сретна со американскиот претседател Џо Бајден.

Нападот од Ирак врз американските сили е прв од почетокот на февруари, кога групите во Ирак поддржани од Иран ги прекинаа нападите врз американските сили.

Ирачките безбедносни сили распоредени во областа започнаа потрага по сторителите.

Претходна вестНеколку скопски општини денеска без струја
Следна вестЕурофарм Пелистер триумфално мина низ Охрид и се врати на првото место