Еве што прво треба да направи градоначалникот Муцунски во Аеродром

Новите градоначалници почнаа да одат на работа. Вчера тоа го направи и новоизбраниот градоначалник на Аеродром Тимчо Муцунски. Излегол на терен по општината заедно со инспекциските служби – гледал каде има депонии.

А денеска е пожелно да отиде на улицата „Васко Карангелески“ кај ОУ „Љубен Лапе“. Таму неговиот претходник заедно со скопскиот градоначалник Шилегов пред околу еден месец обележаа цел раскошен дрворед да биде исечен. Ја донесоа и механизацијата.

Аеродромци протестираа неколку пати поради оваа намера со цел да се запре реконструкцијата која веќе е започната во другиот дел од улицата. Актуелната градска власт остана глува на барањата на жителите.

Тоа треба да го поправи Муцунски. Новиот градоначалник треба да отиде на улицата и да ги види дваесетината долгогодишни дрвја на кои е нашкрабано нешто во облик на буквата „С“. Најверојатно за некој работник да знае – сечи. Или пак – фаќај секирата.

-Улицата и не треба нешто посебно да се проширува. Не ми е јасно и зошто дел од дрворедот го надополнија пред една-две години ако сега го сечат, ни истакна еден пензионер кој живее во домот токму на улицата при протестите пред еден месец.

Таму и денес можевме да видиме дека стои градежна механизација, булдожери…

Новиот градоначалник е на потег треба да побрза – да не почне сечењето. Ветуваше зелен Аеродром по мерка и барање на аеродромци.

И многу важно е Муцунски уште на почетокот да не се окружува со луѓе кои ќе му ласкаат. Така направи неговиот претходник Марин…

Претходна вестШилегов: Скопје заслужува вистински објекти – ќе направам Аквариум
Следна вестАпасиев: Развластувањето може да почне, сантим-по-сантим, има ново мнозинство во Советот на Скопје