Шилегов: Скопје заслужува вистински објекти – ќе направам Аквариум

Кампањата продолжува, продолжуваат и ветувањата. Најново од градоначалникот Шилегов кој е и кандидат за уште еден мандат е дека Скопје ќе добие аквариум.

-Скопје заслужува објекти кои ќе го вратат на вистинската патека. Скопје и скопјани заслужуваат вистински објекти со кои ќе се гордеат, во кои вистински ќе уживаат и за кои ќе раскажуваат на идните поколенија со истиот восхит како кога биле тогаш направени. Затоа Скопје ќе го има првиот градски јавен аквариум со капацитет и квалитет кој ќе биде рамо до рамо со европските аквариуми, најави Петре Шилегов.

Според него, Скопје ќе го има првиот аквариум од градовите на поранешна Југославија. Наговиот план е аквариумот да биде веднаш до Зоолошка градина и Природонаучниот музеј.

Претходна вестЗошто Скопје не успеа да биде чист град и зошто не се запнува да се исчисти?
Следна вестЕве што прво треба да направи градоначалникот Муцунски во Аеродром