Факултетот за здравствени науки на Мерко не може да запишува студенти, првата акредитација ја добил за само седум дена

Одборот за акредитација на високото обраование иако дал акредитација за основање на Факултет за здравствени науки на Универзитетот на Рамиз Мерко во Струга, го одбил барањето за акредитација на студиската програма за медицински сестри, затоа што не биле исполнети законските услови. Од Одборот за акредитација денеска објаснија дека тоа значи дека  Факултетот не може да започне со работа.

-На Факултетот за здравствени науки на Меѓународниот Универзитет во Струга нема да се запише ниту еден студент, нема да се студира и нема да започне со работа се додека не се исполнат законските услови за акредитација на студиските програми за прв циклус на стручни студии за општа медицинска сестра и студии за здравствена нега, се наведува во соопштението на  Одбор за акредитација на високото образование.

На виделина денеска излезе и податок дека Меѓународниот универзитет кој делумно е сопственост на синот на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, Генц Мерко за само една недела добил лиценца за отворање. Во решението за почеток со работа на факултетот стои дека на 3 јуни од Универзитетот испратиле барање до министерството за образование за утврдување на исполнетоста на условите за работа. Четири дена подоцна на 7-ми јуни откако Агенцијата за квалитет во високото образование донела решение за акредитација на проектот за основање на факултетот, истиот ден Министерството за образование формирало комисија која на 10-ти јуни извршила увид во Струга, а на 11-ти веќе донела решение дека Факултетот за здравствени науки ги исполнува сите услови за работа. Владата на седница на 9 април даде согласност за основање Факултет за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга, која  во службен весник е објавена на 15 април за време на предизборната кампања со потпис на техничкиот премиер Талат Џафери.

Претходна вестКубици ѓубре секојдневно се трупаат на скопски Бит Пазар
Следна вестНегователка стиснала и изгребала дете на образот бидејќи не сакало да јаде, случајот пријавен во ПС Карпош