Фармацевтска компанија ангажирала поранешен агент на ФБИ да го следи Ѓоковиќ оти не се вакцинираше

Феноменалниот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, не ги остава рамнодушни своите спортски противници. Но и надвор од спортот тој е цело време тема. Имено, Новак и вакцината против коронавирусот – е тема која се чини дека никогаш нема да заврши.

Сите се сеќаваме дека тој во Австралија дури беше и притворен, а потоа и протеран. А, најдобриот светски тенисер веќе беше спречен да игра во Мајами и Индијан Велс во сезоната зад нас, пред да биде повлечена задолжителната вакцинација во САД.

Тој играше на УС Опен, го освои и со тоа се чинеше дека неговиот антивакцинален став повеќе нема да биде на сметка на неговата кариера. Но, новинарите Ли Фанг и Џек Полсон од „Њујорк пост“ пишуваат дека тука не е крајот.

Според нивните извори, фармацевтската компанија „Модерна“ ангажирала поранешен агент на ФБИ да составува извештаи за познати личности кои јавно ја критикувале вакцинацијата. Ѓоковиќ е меѓу нив, заедно со Илон Маск или Расел Бренд.

Една од спорните точки за тоа друштво од Бостон е фактот што се спонзори на последниот Грен слем во сезоната во која славеше Ѓоковиќ. Поради ова, тие се изложени на потсмев, а според ставот на споменатиот медиум, тоа ги засилило тврдењата дека вакцините се непотребни.

Згора на тоа, тие наводно побарале извештај со наслов „Ѓоковиќ, крунисан антихерој по победата на УС Опен“, пренесува Макфакс.

Претходна вестПрегазена девојка во Штип и маж во Битола
Следна вестНа жените вработени во службите на ЕУ може да им биде забрането да носат шамии