Затвореник осуден на 11 години и два месеца затвор, бил фатен денеска. Тој бил баран за доиздржување шест години, шест месеци и два дена казна.
– Во атарот на кумановското село Добрешане денеска во 10.30 часот, Оперативен тим Потраги и полициски службеници од ОКР Гази Баба го лишиле од слобода лицето М.Ф.(35) од Куманово. Tој бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправна установа Затвор Идризово, каде бил осуден на казна затвор во траење од 11 години и два месеци за сторени кривични дела по член 235, член 236 и член 239 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
М.Ф. ќе биде спроведен во казнено-поправната установа Затвор Идризово каде има за доиздржување шест години, шест месеци и два дена