Home АКТУЕЛНО Уреден паркот покрај булевар „АСНОМ“ во Аеродром

Уреден паркот покрај булевар „АСНОМ“ во Аеродром

0
Уреден паркот покрај булевар „АСНОМ“ во Аеродром

Завршено е уредувањето на новата паркова површини во општина Аеродром по должина на булеварот „АСНОМ“ со вкупна површина од 27.000 квадратни метри, соопшти денеска Градот Скопје. На локацијата е извршено и соодветно партерно уредување, тревна површина, садници, летниковци и нова хидрантска мрежа за наводнување.

Градоначалничката Данела Арсовска денеска изврши увид во уредувањето на новиот парк и новите пешачки патеки покрај булеварот „АСНОМ“ кои ќе го олеснат пристапот на граѓаните.

-Паркот го изведоа јавните претпријатија на Град Скопје ЈП „Паркови и зеленила“ и ЈП „Улици и патишта“, соопшти Град Скопје.

Годинава Град Скопје изврши и целосна реконструкција на булеварот „АСНОМ“ од крстосницата со булевар „Србија“ до пристапната улица на Куќата на фудбалот, со што се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот.