Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина ќе се викаат бебињата од штипската четворка којашто дојде на свет завчера на скопската Клиника за гинекологија и акушерство. Брачната двојка Благица и Александар Зикови од Штип станаа среќни родители на четири бебиња и тоа на три синчиња и една ќеркичка.
-Благослов од Бога и неизмерно сме среќни, изјави таткото Александар Зиков.
Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина се во добра здравствена состојба и се во инкубатор. Брачната двојка Зикови цели пет години се обидувала да добие потомство. Четворката е предвреме родена во 31 недела, а новороденчињата се зачнати „ин витро“ во клиника во Турција. Бебињата се долги по 31 сантиметри, а нивната тежина е од 1,150 до 1,370 килограми.
Александар е вработен, а мајката Благица која има 29 години, не може да добие платено породилно боледување, бидејќи како што вели Александар и недостасуват две недели за да го исполни бараниот критериум од шест месеци
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека во текот на денот ќе се слушне со таткото на штипската четворка, со цел како да им се помогне.
-Со радост ја примив веста и информацијата. Еднократно парично ќе помогнеме како општина, но и дополнително ќе ја искористам приликата во текот на денот да искомуницирам со членовите на семејството, за одблизу се информираме и осознааеме за економскиот статус и потребата од дополнителна поддршка во рамки на нашите надлежности. Секој поддршка е добредојдена во овој момент и ова се убави вести кои заслужуваат поддршка не само од институциите, туку од сите добронамерници, вели Јорданов.
Фото: Архива