На Косово основано движење за напуштање на исламот, „За Албанците верата е албанизмот“

„Да се ​​биде само Албанец“ е мотото на движењето за откажување од исламската вера, формирано пред два дена во градот Дечани на Косово. Ова движење го формирале околу 70 лица од неколку земји кои се собрале во Дечани за да како што велат кажат дека „албанската вера е Албанија“.

Весел Лекај, еден од основачите, го кажа своето мислење за декларацијата на ова движење и дека во основањето на ова движење во петокот на 20 октомври учествувале околу 70 луѓе.

– На собирот во петокот, 20 октомври 2023 година, група граѓани во Дечани собраа мислители од регионот и од градовите на Косово. Тие зборуваа за екстремизмот и штетите предизвикани од различни сегменти на исламската вероисповед и српското православие. Едногласна изјава дека од денес не сме муслимани, рече Лекај.

Според Лекај, косовското општество е задушено од исламскиот екстремизам и дека, според него, тие треба да се отстранат и да се борат против „злото“.

– За Албанците верата е албанизмот, затоа што ние мислиме само албански, затоа што пред сѐ сме Албанци,  додаде Лејак.

Лигата на историчари на Косово „Али Хидри“ во Дечани остро реагираше на „Движењето за напуштање на исламската вера“, обвинувајќи го за пропаганда против религијата и поттикнување омраза, нагласувајќи дека правото на верско уверување е лично.

Претходна вестШтипската четворка била чекана пет години, ќе се викаат Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина
Следна вестПовторно пукање во скопски „Ист Гејт“, посетителите во паника го напуштаат трговскиот