Две лица од Скопје вчера се осомничени за кражба и приведени од страна на полицијата, соопшти МВР.
Полицијата соопшти дека на 18.06.2022 во 09.30 часот на ул.„Ефтим Спространов“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ги лишиле од слобода Е.Х.(32) и Е.Х.(34), двајцата од Скопје.
-Тие се сомничат дека од маркет на бул.„Трета Македонска Бригада“ одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во информацијата.