Полициски службеници од СВР Скопје вчера на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје ги лишиле од слобода Б.Д.(20) од селото Бојане, скопско, и двајца малолетници од селата Чајлане и Ласкарци, затоа што непосредно пред тоа одзеле разни предмети од продажен објект во трговски центар во Скопје.
Како што информираат од МВР, кај нив биле пронајдени предметите и биле вратени на сопственикот.По целосно документирање на случајот против ни ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 од Кривичниот законик.