Филипче: Наместо апатија да избереме мобилизација

-Сега е време кога СДСМ треба да покаже единство и да покаже дека срцето на оваа партија чука силно, а тоа срце е секој од вас, oва го истакна д-р Венко Филипче во својот говор на централниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Струмица кој се одржа синоќа. Тој ги повика струмичани и сите социјалдемократи да излезат на 8 мај и дадат поддршка за СДСМ, бидејќи ниту Македонија може да оди напред без силен СДСМ.

-Ве повикувам да не се предаваме на апатијата, да избереме мобилизација. Сите кои сте разочарани, сте останале дома, сте решиле на некој начин да изразите револт, во ред е. Но, казната и на парламентарни избори би значела удар за самите вас, не само за партијата. Ќе значи заслабување на партијата која ве уверувам дека ќе се врати многу брзо на правилниот колосек. Но за тоа, е потребна вашата поддршка, рече Филипче.

Тој им се обрати и на разочараните членови дека сега е потребна нивната поддршка, бидејќи промените кои ги бараат во СДСМ ќе се случат.

-Во ваши раце е оваа одлука и не е касно да се исправи штетата. Не е касно да го направите вистинскиот избор сега, а го имате мојот збор дека промените кои ги барате ќе се случат, вети д-р Венко Филипче на струмичани и поддржувачите на СДСМ од централниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина синоќа во Струмица.

-Одлуката е во ваши раце. Не можеме да одиме напред без вашата поддршка, ниту Македонија може да оди напред без силен СДСМ, рече Филипче.

Претходна вестДимитриевски: Во Влада да, но без ДУИ и со јасни црвени линии за заштита на идентитетот и државните интереси
Следна вестЛевица: На изборите бираме помеѓу македонизмот на левицата и антимакедонизмот на буржујските партии