Левица: На изборите бираме помеѓу македонизмот на левицата и антимакедонизмот на буржујските партии

Левица го има завршниот митинг на партијата во Градски парк во Скопје. Пред неговото одржување лидерот на партијата, Димитар Апасиев, истакна дека очекува Левица во идниот парламент да има 8 до 12 пратеници.

Тоа, како што нагласи, ќе даде можност за фајтерска битка за македонските државни и национални интереси во парламентот.

-Ние ја понудивме нашата македонска платформа и очекуваме идниот мандатар на ниво на таа платформа, да почне преговори. Апелираме до гласачите масовно да излезат и да гласаат на овие двојни избори. Очекуваме солидна бројка, дуплирање на резултатот од претседателските избори, подвлече Апасиев.
На митингот се очекува да се презентираат и делови од програмата на патријата – која настапува под мотото: Неподмитливите во Собранието.
-Потребна е брза и одлучна политичка акција за конечен пад на овој корумпиран хибриден режим…
-Секој сериозен и прогресивен човек има граѓанска должност да придонесе во борбата за слобода од мафијата, внатрешните квислинзи, домашниот окупатор…
-На овие избори бираме помеѓу македонизмот на левицата и антимакедонизмот на буржујските партии…, се само дел од наведените првични зборови во обемната изборна програма на „Левица“.
Претходна вестФилипче: Наместо апатија да избереме мобилизација
Следна вестТешко повреден велосипедист во сообраќајка во Охрид