Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Охрид

Повреден велосипедист во сообраќајка. Имено, вчера околу 14.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Питу Гули“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од Ј.Д.(74) од Охрид и патничко возило „Хјундаи “ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(28) од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Претходна вестЛевица: На изборите бираме помеѓу македонизмот на левицата и антимакедонизмот на буржујските партии
Следна вестИзбоден малолетник во Куманово, пренесен е болница