Филипче: Полициски час уште не е потребен, но можни се дополнителни мерки

И натаму сметаме дека нема потреба од полициски час, но можно е да предложиме дополнителни мерки за одредени економски оператори, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Денеска имаме состанок на комисијата за заразни болести во 14 часот. Ќе разгледаме некои други мерки. Но, и натаму сметаме дека нема потреба од полициски час, рече министерот за здравство.

Тој додаде дека ќе се разговара за евентуално воведување на нови рестриктивни мерки.

Тоа што би можело евентуално дополнително да се предложи е целосно затворање на некои економски оператори кои во овој момент функционираат и ограничување на движењето, дали во текот на попладневните или вечерните часови или за време на викенд. Но, според утринската координација што ја имавме сметаме дека ова не треба да се препорачува, но ја пратиме епидемиолошката ситуација и ако треба ќе носиме одлуки, рече Филипче.

Според него, во моментов здравствениот систем е под огромен притисок, но дека сегашните мерки ќе дадат резултати и уште еднаш побара да се почитуваат.

-Ние и сега имаме забрана за работа на локалите по 21 часот, потоа забрана за групирање, со што сметам дека мерките ќе дадат резултати во следните недели, кажа Филипче.

Претходна вест62-годишниот татко кој е осомничен дека ја силувал ќерката ставен во притвор
Следна вестДобро е, Шилегов има план за справување со загадувањето