Ќе се ублажуваат мерките против корона вирусот. Имено, Комисијата за заразни болести одлучила да и предложи на Владата отворање на казината и автомат- клубовите во обложувалниците. Се предлага и почнување со работа на јавниот превоз во Тетово, а до крај на неделата да се отворат и теретаните и фитнес центрите.
Ова денеска го соопшти министерот за здравство Венко Филипче посочувајќи дека ова намалување на мерките ќе се спроведува според правилата во протоколите подготвени од Комисијата.