За 17 години двојно се зголемил бројот на сообраќајни несреќи на велосипедистите

Последниве 17 години бројот на сообраќајни несреќи на велосипедистите е двојно зголемен. Според официјалните статистички податоци во 2002 година 6 велосипедисти загинале, а 113 биле повредени. Следната, 2003 година загинале 8, а повредени се 138 велосипедисти.

Бројот продолжува да расте во 2004 година кога се регистрирани 9 загинати велосипедисти, а повредени биле 167. Во 2017 година се повредени 267, во 2018 – 263, додека во 2019 повредени биле 232 велосипедисти патници.

На оваа информација споделена на социјалните мрежи реагираат граѓаните, едни сметаат дека причина е наглиот пораст на возила во едно семејство. Факт кој му штети општо, на сообраќајот, бидејќи Скопје е градено според скромниот број на возила некогаш. Понатаму, други сметаат дека причина е и сообраќајната некултура воопшто и кај возачите и кај велосипедистите. И на крај, не помалку важно е дека не сме велосипедски град – односно не сите улици имаат соодветни обележја за велосипедски патеки.

Итно се неопходни решенија не само на главните булевари туку и на споредните улици. Тие се најчесто локациите каде несреќи се случуваат, возачите невнимателно и брзо пролетуваат по нив, а велосипедистите возат на самата улица бидејќи многу често тротоарите се зафатени со веќе паркирани возила.

Претходна вестФилипче: Се предлага отворање на казината и теретаните
Следна вестВечерва отворање на изложбата „Натура“ на уметницата Тамара Забазноска