Вечерва отворање на изложбата „Натура“ на уметницата Тамара Забазноска

„Натура“ е насловот на изложбата на уметницата Тамара Забазноска која ќе биде отворена вечер во 20 часот во Галерија МКЦ.

-Поттикната од тајните што ги содржи природата во корелација со новите научни истражувања, опусот кој би го претставила е базиран врз науката и знаењата, насловен „Натура“ – љубовта кон природата во сите нејзини манифестации, од најмалиот организам до црвениот гигант кој лебди во универзумот и хистологијата на човекот. Со „Натура“ доаѓа љубопитноста, поривот да се истражат и откријат местата каде што човекот се среќава преку природата со себе. И додека ги користиме сетилата за да изразиме делови од нас што се скриени, така може да користиме и различни елементи за да го направиме видлив оној дел од природниот невидлив свет, вели авторката на поставката.

Тамара Забазноска дипломирала на Архитектонскиот Факултет во 2011 година и има два магистерски труда. Натура е трета нејзина самостојна изложба Во Flux галерија, во Скопје. Добитник е на наградата „13 Ноември“ што ја доделува Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Претходна вестЗа 17 години двојно се зголемил бројот на сообраќајни несреќи на велосипедистите
Следна вестИ денеска попладне со пороен дожд и грмежи