Прво на албански, па на англиски и на крајот на македонски: спомен плочата на Мајка Тереза доби уште два натписа

На албански и на англиски јазик – уште две плочи осамнаа до постојната на плоштадот Македонија каде се наоѓала куќата на Мајка Тереза. До онаа каде што на македонски е напишан описот, сега е ставена табла прво на албански јазик а потоа и на англиски. Таблата на македонски јазик сега е трета односно последна.

Инаку денеска Македонија одбележува 40 години од прогласувањето на Мајка Тереза за почесен граѓанин на Скопје. Тоа е и поводот за новите табли.

Плочата во средина која е напишана на англиски јазик е поставена од Град Скопје, додека онаа на албански јазик е донација на Енвер Малиќи, заменикот на градоначалникот Петре Шилегов.

Претходна вестШто и кажал Ден Дончев на полицијата? Што ќе преземе обвинителството?
Следна вестШилегов треба да е среќен што Универзална сала не може да си ги каже маките