И денеска попладне со пороен дожд и грмежи

На скопското подрачје и денеска претпладне ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 24 степени.

Облачно и нестабилно со услови за пороен дожд се предвидува и за другите делови од Maкедонија. Локално ќе има пообилни врнежи над 20 литри на квадратен метар, наместа во форма на невреме со електрични празнења и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Утре условите за нестабилност ќе се намалат, а ќе преовладува посончево и топло време со засилен северен ветер. Од четврток попладне повторно ќе има изолирана појава на дожд и грмежи.

Претходна вестВечерва отворање на изложбата „Натура“ на уметницата Тамара Забазноска
Следна вестТри лица ставени во државен карантин на сопствен трошок