Три лица ставени во државен карантин на сопствен трошок

Во текот на изминатото деноноќие во Македонија на 651 лице им се издадени решенија за изолација, а 346 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.

-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што три лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок, а ќе им бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ, се наведува во информацијата.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 618 прекршоци.

Претходна вестИ денеска попладне со пороен дожд и грмежи
Следна вестНовите автобуси дојдоа за да ги гледаме? Кој требаше да мисли за плаќањето на ДДВ?