Филипче соопшти дека понудил пишана оставка до Заев, не поднесе

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва на прес-конференција соопшти дека до премиерот Зоран Заев понудил пишана оставка од морални причини.

-Сите одлуки кои ги донесовме беа со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Последната трагедија многу ме погоди. Нема зборови за да се опише ниту да се намести загубата. Како лекар и министер за здравство денеска понудив пишана оставка до премиерот Заев, рече Филипче во обраќањето.

Тој се заблагодари на сите за соработката.

Сега на потег е премиерот кој треба да одлучи дали ќе ја прифати оставката на Филипче кој е и потпретседател во СДСМ.

За разлика од Филипче кој понуди, заменик-министерот Илир Хасани и директорот на тетовската болница Флорин Бесими поднесоа оставка.

Претходна вестПовторно 30 починати – меѓу нив на 23 и на 34 години, нови 577 заразени
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Заев да не се крие зад оставката на Филипче