Филипче за изборите: Било кој настан е безбеден ако се почитуваат мерките

И покрај големите бројки на новозаразени лица во Македонија, министерот за здравство Венко Филипче пред малку истакна дека нема потреба од продолжување на вонредната состојба во земјата.

– Сметам дека сега, во овој момент не е потребно продолжување, а што се однесува до имплементирањето на мерките и можноста да има рестрикции во движењето доколку се одлучи дека е потребна, за тоа има можности и без вонредна состојба, посочи Филипче.

На прашањето дали како лекар смета дека е безбедно да се одржат парламентарните избори Филипче рече дека се зависи од почитувањето на превентивните мерки.

-Било кој настан да се организира, ако се почитуваат превентивните мерки и протоколи, е безбедно за граѓаните. Таму каде што има прекршување на мерките има заразување, рече тој.

 

Претходна вестВо Скопје има нови кластери, а во Чаир пациенти не кажувале вистинити податоци
Следна вестКамион полн со 142 мигранти не сакал да застане на полициска контрола