Филипче за модуларните болници: Тие не спасија од италијанското сценарио

Модуларната болница во Тетово била пуштена откако надлежните потврдиле дека се проверени сите инсталации, струјата, канализацијата и дали персоналот се однесува согласно упатствата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека вакви болници се неминовност во светот, а кај нас биле спас од тнр. италијанско сценарио.

-Модуларните болници се модел без кој ниту една земја не ќе можеше да ја менаџира кризата. Направивме 700 болнички кревети за помалку од два месеца. Алтернатива на тоа ќе беше италијанското сценарио, да нема луѓето каде да се сместат и да не може да им се помогне. Во ситуација на пандемија само модуларна болница е решение. За модуларната болница во Тетово не известија дека се проверени сите инсталации, струјата, канализацијата и дали персоналот се однесува согласно упатствата. Сите потврдија дека се е во најдобар ред, рече Филипче.

Тојрече дека не бега од оговорност по трагедијата во Тетово, дека нема обид за дефокусирање, но дека здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира.

Претходна вестПротивпожарната заштита е сериозна работа, но не знам дали надлежните ќе се свестат
Следна вестОбвинителството на Русковска почна да ја чешла документацијата за набавката на модуларната болница во Тетово