Филипче заминува, ќе има ли нови лица во Комисијата за заразни болести?

Министерот Филипче е на излезна врата од министерството за здравство. Кој ќе биде новиот министер за сега е непознаница. Познато е само дека во време на пандемија се прават политички комбинаторики и се исполнуваат желби на партии…

Да, во меѓувреме државата си ја има Комисијата за заразни болести која може да реагира, опоменува, дава упатства… ама некако и таа стивна. Од една страна ни се кажува дека има опасност од нов бран на корона вирусот, а од друга не гледаме да се подобруваат условите во болниците, не се прават протоколи, нема нови мерки…

Бројот на новозаболени и во земјите кои имаат голема стапка на вакцинација е секој ден се поголем. А допрва настапуваат новогодишно – божикни празници, што значи дека опасностите се се поголеми. Но, нашата Комисија за заразни болести сосе министерот во заминување процени дека засега нема потреба од нови, зајакнати, превентивни мерки.

Во јавноста, пак, се слушаат барања на докажани наши медицински експерти да се воведат превентивни ПЦР-тестови на граници но тоа се уште не се прифаќа. Колку за потсетување, и лани кон крајот на август не се препорачуваа нови мерки бидејќи днеевните податоци покажувале стабилна епидемиолошка состојба. Меѓутоа, веќе кон крајот на одморите, на почетокот на септември во земјава повторно букна нов бран на вирусот кој однесе многу заразаени пациенти… Тогашниот пик на вирусот донесе бројка на заразени на преку 13.000, а на починати преку 500 граѓани.

Експертите кои седат во Комисијата може и кажуваат како што е медицински исправно, но политиката пречесто си тера по свое и не ги слуша. Сепак, јавноста не слушна дека некој од Комисијата силно се спротистави или си замина поради тоа непочитување на Комисијата.

Македонија е меѓу првите земји во светот по смртност од вирусот. Овој алармантен податок бара соодветни реакции. Една од реакциите би требало да биде и влез на нови експерти во Комисијата кои ќе дадат соодветен придонес за да се применат најправилните мерки.

Впечакот е дека Комисијата за заразни болести е затворена за совети и консултации од други доктори кои си ја знаат работата. Тие во јавноста даваат совети, но тоа како да се игнорира. Треба ли уште да биде така? 

Претходна вестБез премногу театар да се пополни фотелјата која ја напушти Заев
Следна вестЌе остане ли некоја дивоградба за уривање во Македонија?