Филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума е национален кандидат на Македонија за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” за 2022 година.
Како што соопштија од Друштво на филмските работници на Македонија, одлуката е донесена од страна на Комисијата за избор на македонски кандидат за оваа награда, а прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.
Во конкуренција за кандидатурата беше и филмот:„Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи.
Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 94-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи на 27март 2022 година, во Лос Анџелес.