Ова ли е таа стабилност: Денеска 12 починати и 8 од претходно и 412 нови заразени

Во изминатите 24 часа починале 12 лица и 8 лица во текот на изминатите 30 дена, покажува црната коид-статстика за денеска.

Од починатите во изминатотот деноноќие 6 од Скопје (73 г, 72 г, 67 г, 61 г, 49, 46 г), 2 починати лица од Кочани (66 г, 63 г), по едно починато лице од Прилеп (80 г), Охрид (77 г), Куманово (77 г) и Велес (48 г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 1.9.2021 до 8.10.2021 година: 4 починати лица од Скопје и по едно починато лице од Тетово, Прилеп, Куманово и Кочани на возраст од 36 до 93 години. Од пријавените лица 6 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Во последните 24 часа се направени 3.567 тестирања, а регистрирани се 412 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 207, Куманово – 34, Велес -26, Битола – 18, Кочани – 16, Кичево – 15, Прилеп -14, Тетово, Гостивар и Кавадарци – по 10, Радовиш – 6, Штип и Свети Николе – по 5, Струмица, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Струга, Гевгелија, Неготино и Виница – по 3, Валандово – 2, Охрид, Ресен, Пробиштип, Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 1 лице.

Регистрирани сe 459 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.542 бројката на оздравени пациенти е 182.078, на починати е 6.875, а бројот на активни случаи изнесува 6.589, од кои 3.323 во Скопје.

Изминатите денови, поради викендот и празникот бројот на тестирања беше помал, а со тоа и бројот на заразени, некаде под 10 отсто од бројот на тестирани. Но веќе денеска тој процент е речиси 12 отсто.

Министерот Филипче денеска оцени дека состојбата е стабилна, а тоа го аргументира со тоа што бројот на хоспитализирани е мал. Но вчера Држаавниот здравствен и санитарен инспекторат укажа дека голем број од заразените со ковид се лекуваат дома, па порача тоа да се прави само по препорака на матичен лекар.

Тука треба да се бара причината за намалениот број на хоспиализации.

Претходна вестУтре облачно и студено со врнежи од дожд, на планините снег
Следна вестФилмот „Сестри“ на Дина Дума е наш кандидат за „Оскар“