Уапсена жена во Гостивар, била фатена како краде во продавница

Вчера во 18.45 часот на улица „Светозар Пепоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода 50-годишната Г.И. од гостиварско Неготино.

-Таа била фатена при извршување кражба во продажен објект, по што се обидела да побегне, но била спречена и лишена од слобода, соопшти МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПретрес во Мала Речица, пронајдена дрога
Следна вестПретрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери