Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

Вчера во 21.40 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода 32-годишниот Б.Д. и 25-годишниот А.Д., двајцата од Кичево, извести МВР.

-При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја, соопшти МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестУапсена жена во Гостивар, била фатена како краде во продавница
Следна вестДС: За изборот на Влада нема Бандентер, тоа не е предвидено со Уставот