Филмот „Сестри“ на Дина Дума е наш кандидат за „Оскар“

Филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума е национален кандидат на Македонија за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” за 2022 година.

Како што соопштија од Друштво на филмските работници на Македонија, одлуката е донесена од страна на Комисијата за избор на македонски кандидат за оваа награда, а прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

Во конкуренција за кандидатурата беше и филмот:„Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи.

Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 94-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи на 27март 2022 година, во Лос Анџелес.

Претходна вестОва ли е таа стабилност: Денеска 12 починати и 8 од претходно и 412 нови заразени
Следна вестГраѓаните плаќаат цел живот здравствено осигурување, а само околу 600 дневно државно можат да се тестираат за ковид